„Apple“ обвинет за 'пресметано застарување на „iPhone“': Сопствениците на овие модели се чувствуваат измамено

Точка

25/01/2021

16:22

3.105

Големина на фонт

а а а

Белгија, Шпанија, Италија и Португалија се согласни дека нивните граѓани, како потрошувачи, се измамени од страна на технолошкиот џин.

Италијанското здружение на потрошувачи "Altroconsumo" денеска соопштило дека поднело колективна тужба против американскиот технолошки гигант "Apple", поради праксата за однапред смислено застарување на "iPhone".

Здружението навело дека бара отштета од 60 милиони евра во име на италијанските потрошувачи измамени од таквата пракса, која исто така ја препознале и италијанските власти.


Според соопштението на "Altroconsumo", тужбата ги покрива сопствениците на "iPhone 6" i "6s" и "6s plus" кои во Италија се продадени во околу милион примероци во периодот од 2014-та до 2020-та година.

"Apple" во еден мејл навеле дека никогаш не направиле ништо со цел "намерно да го скратат векот на било кој свој производ" или да го намалат корисничкото искуство за да ги поттикнат купувачите на надградба на уредите.


Слични тужби против "Apple" поднеле и во Белгија и Шпанија, поради пресметано застарување на нивните телефони.

Европското здружение на потрошувачи "Euroconsumers", кое ги координира активностите поврзани со трите споменати тужби, најавило дека планира да започне акција за поднесување на колективна тужба во Португалија во текот на наредните недели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг