Моќниот Toyota Highlander за првпат во Европа!

Точка

25/01/2021

18:06

2.528

Големина на фонт

а а а

Големиот џип на Toyota ќе заземе позиција над RAV4 во гамата на јапонскиот производител.

Highlander официјално за првпат ќе се продава на пазарот на Западна Европа, а овој SUV со 7 седишта ќе биде достапен исклучиво во хибридна верзија.

Под хаубата е сместен 2,5-литарски бензинец кој добива поддршка од два електромотори (по еден напред и назад), кои пак ќе добиваат напојување од батериите сместени под втората клупа на седишта.


Вкупната комбинирана сила на хибридниот систем изнесува 248 коњски сили, а силата се пренесува на тркалата со помош на CVT автоматскиот менувач. Овој масивен џип на Toyota од 0 до 100 километри на час забрзува за 8,3 секунди, додека пак максималната брзина изнесува 180 километри на час.






Спонзорирани линкови

Маркетинг