Автомобилски зомбија: Овие автомобили не се произведуваат, но сè уште се продаваат нови примероци

Супермен

25/01/2021

19:06

1.940

Големина на фонт

а а а

Се случува дури и неколку години по прекин на производството, некаде на залиха да се појави по некој примерок за посебен купувач.

Многумина веројатно се сеќаваат на огромната побарувачка за последниот произведен „Saab“, но и за новата „Honda S2000“ која се појави неколку години по прекинот на производството. Сепак, ова не се изолирани случаи.

„Mercedes“ во 2009 година го претстави моделот „SLS AMG“, а истиот се произведуваше сè до 2014 година. Меѓутоа, минатата година „Mercedes“ успеа да продаде два нови примероци во Америка. Преведено, тоа значи дека овие „спортисти“ стоеле најмалку 6 години во некој магацин или салон. И за да бидат работите уште поинтересни, не бил продаден ниту еден примерок сè до минатата година, а во 2015 година се продадени 29.


И старата „Mercedes B“ класа е во пензија, но во 2019 година се продадени 8 примероци, а минатата година еден.

„Honda CR-Z“ е „спортист“ кој не успеа баш да се прослави. Тој не се произведува веќе 4 години, но според официјалните податоци, „Honda“ минатата година продала еден примерок. И наводно тој не е последниот.


Најголемо чудо сепак е „Dodge Viper“ – прекинот на производството беше најавуван со месеци однапред, а моделот беше распродаден и покрај повисоката цена. Производството беше прекинато во август 2017 година. Во 2018, „Dodge“ продал 19 примероци, па уште 5 во 2019 година, додека минатата година биле продадени 4 примероци.


„Dodge Dart“ не се произведува од 2016 година, но и денес се наоѓаат нови примероци. Минатата година се продадени 7 примероци. Американците исто така купиле и 3 нови „Jeep Patriot“, а станува збор за модел што не се произведува од декември 2016 година.

И за крај – „Alfa Romeo 4C“ е официјално недостапен. Последната серија „Strаdale“ од 33 примероци е наводно продадена. Минатата година биле продадени 99 примероци од прекрасната „Alfa“ која не се ни нуди во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk