„Врати нѝ го Рики Мартин“: Латино заводникот го променил изгледот, а коментарите само се нижат

Супермен

25/01/2021

20:25

9.796

Големина на фонт

а а а

49-годишниот порторикански поп пејач Рики Мартин објавил нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со која ги изненадил своите следбеници.

Славниот пејач објавил селфи фотографија на која се гледа дел од неговото лице, но очигледно е промената на изгледот со кој ги шокираше фановите. Имено, Мартин ја избланширал својата брада, а многумина веднаш помислиле дека изненадно обелел.

„Кога ти е здодевно, избланширај се“, напишал Рики во описот на фотографијата која собрала речиси 770 илјади лајкови.

„Рики Мартин, врати нѝ го Рики Мартин“, „Извини, но не ми се допаѓа оваа промена“, „Дедо Мраз, ти ли си?“, гласат дел од коментарите, но има и такви кои му порачале дека новиот имиџ одлично му прилега.

Жените ширум светот сè уште лудуваат по пејачот иако уште пред 10-тина години јавно призна дека е хомосексуалец. Порториканецот со години ја криел својата хомосексуалност, а во март 2010 година објави дека е геј преку својата интернет страница.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk