Епилог на лошите резултати на СП во Египет: Брестовац доби отказ

Точка

26/01/2021

12:45

1.745

Големина на фонт

а а а

Ракометната федерација на Македонија денеска објави дека спогодбено е раскинат договорот со Данило Брестовац, само два дена подоцна откако заврши „авантурата“ на македонските ракометари на Светското првенство во Египет.

Македонската репрезентација заврши на 23-то место на СП во Египет со скор од една победа и пет порази, од кои неколку беа прилично високи.

За резултатите, сосема очекувано, прв го плати цехот селекторот Данило Брестовац кој беше на кормилото на македонската ракометна репрезентација од јуни 2019-та година.

Засега не е познато кој ќе го наследи Брестовац на клупата на македонската ракометна репрезентација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг