Додека пред камерите глумеше среќа – дома живеела со насилник: „Беше тоа брак од пеколот“

Точка

26/01/2021

15:40

5.163

Големина на фонт

а а а

„Среде пандемијата на коронавирусот се најдов заклучена во домот со насилник“, тврди актерката.

Актерката Кристина Ричи повторно е во центарот на вниманието во медиумите уште од месец јули 2020 година кога побара развод од филмскиот снимател Џејмс Хирдеген, по две години врска.

Таа со него се венчаше во 2013 година и го роди синот Фреди, а уште тогаш се знаело дека тука станува збор за семејно насилство, па поради тоа актерката веднаш бараше целосно старателство над своето дете. Сепак, пандемијата на коронавирусот го успори целиот тој процес.

Сега испливаа нови детали за можниот развод, а судот донесе одлука дека сопругот не смее да ѝ се доближува на помалку од 90 метри. Злоставувањето започнало во 2019 година кога сопругот првпат ја претепал, плукал по неа...


Злоставувањето повторно се повторило во јуни 2020 година откако ја фатил за зглобот од раката, ја влечел низ домот и ја удрил од каминот, поради што актерката се здобила со многубројни модринки и исекотини.

Набрзо потоа, Џејмс станал насилен и пред нивниот син, а во една прилика ја плукал и гаѓал актерката со шолја за кафе.

Кристина стравува дека Џејмс би можел дополнително да ѝ наштети, односно да ја „понижи и посрамоти со помош на аудио и видео содржините кои што ги собрал во текот на нивната врска“, открила адвокатката на актерката, Саманта Спектор, нагласувајќи дека нејзината клиентка е подготвена да ги достави до судот сите фотографии од повредите.

„Мислев дека ќе ме убие, особено откако кон крајот на 2019 година ми рече: Може да ми падне жал за тебе, само кога би била распарчена на делови“, изјавила Ричи пред судот.


Сепак, и нејзиниот сопруг наводно планира да бара забрана за приоѓање, а воедно тој ги негира сите обвиненија и тврди дека таа е таа која се однесувала насилно под влијание на алкохол и дрога.

„Среде пандемијата на коронавирусот се најдов заробена во домот со злоставувач. Се плашев за безбедноста на нашето дете. Тие зборови ме ужаснуваа, поради нив ги сокрив сите ножеви и остри предмети кои што ги имавме дома“, изјавила актерката на суд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг