Се породи актерката Ирена Илиевска. Среќната вест за мајчинството ја соопшти на социјалните мрежи, каде сподели и дека родила девојче.
Илиевска сподели и прекрасни зборови, а објавата ви ја пренесуваме во продолжение:
„Чувствувам лавина од емоции! Огромна радост, збунетост… нешто сосема ново и тешко за артикулирање! Сакам да и кажам многу работи! Да ѝ кажам дека целиот свет е нејзин! Да, мила, се е твое! Сиот свет! Сакам да и кажам многу работи! Да и кажам дека целиот свет е нејзин! Да, мила, се е твое! Сиот свет! И се што е убаво во него. Зграпчи се што сакаш да биде твое. Бори се за се што посакуваш. Биди силна! Биди храбра! Среќата ги прати храбрите. Не застанувај. Не гледај назад.
Не дозволувај никој да те сопре! Бори се за тоа што го сакаш. Бори се за себе и своите сакани. Љуби! Вистински. Со страст. Со целото свое срце. Не ја штеди љубовта, зашто само љубовта кога ќе ја поделиш на две, добиваш две цели, а не две половини!
Љуби! Несебично. Без его. Егото не ти треба кога ќе знаеш што сакаш. А себичните остануваат сами, секогаш. Не ти треба тоа мила“, се дел од убавите зборови кои актерката ги сподели со своите следбеници.
Денес родив девојче! Станав мајка! Чувствувам лавина од емоции! Огромна радост, збунетост...нешто сосема ново и тешко за...
Posted by Irena Ilievska on Вторник, 26 јануари 2021