Невил не му предвидува блескава кариера на Тухел во Челси и посочи дека Германецот ќе добие отказ за...

Дерби

26/01/2021

16:33

2.162

Големина на фонт

а а а

Гери Невил за разлика од неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, кој го испофали Томас Тухел, нема многу што да каже за германскиот стратег, освен тоа дека и него ќе го снајде судбината на Френк Лампард.

Имено, стручниот аналитичар на „Скај Спортс“ смета дека Томас Тухел ќе добие отказ од таборот на Челси за две години од сега, доколку рапидно не ги промени работите во клубот.

Челси под раководство на Роман Абрамович ги менува тренерите доста често, а во досегашниот мандат на Русинот се променети дури 14 менаџери, а Тухел ќе биде 15-тиот кој ќе седне на клупата на Челси.

– Тухел ќе биде подложен на точно истите правила како Френк, а за две години ќе го виакме истото за него кога веројатно ќе добие и отказ, - заклучи Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг