Шекил О’Нил го продава својот дом во Калифорнија за 1,85 милиони долари – погледнете како изгледа

Супермен

26/01/2021

18:24

2.720

Големина на фонт

а а а

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил ја продава својата куќа во Калифорнија по сума од 1,85 милиони долари.

Тој, специјално изграденото здание го купил во 2018 година за 1,815 милиони долари.

Двокатната куќа е со површина од речиси 500 квадратни метри и е полна со различни уметнички дела, вклучувајќи го муралот со ликот на О’Нил во неговата канцеларија. Тука се и портретите од познатите рапери во дневната соба.


Сепак, како што пренесува „LA Times“, оваа куќа не е ништо во споредба со неговиот најимпозантен имот.

Шекил поседува и куќа на Флорида која се простира на речиси 2900 квадратни метри, а на тој посед се наоѓа и кошаркарски терен со површина од 557 квадратни метри, изложбен салон со 17 автомобили како и базен долг 28 метри наречен „Шек-апулко“.

О’Нил се обидувал да го продаде домот уште од 2019 година. Првично барал 2,5 милиони долари, но бидејќи немало никаква понуда за него, се обидел самиот да го заврши маркетиншкиот дел и го огласил на својот Инстаграм профил.


Во видеото, погледнете како изгледа домот кој го продава популарниот „Шек“:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk