На сите им е јасно од кого „препишува“: Џил Бајден во лежерно модно издание кое сигурно ќе го погледнете двапати

Точка

27/01/2021

09:19

4.461

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Америка ја сподели среќната вест за вселувањето на домашните миленици во Белата куќа - со фотографија која што привлече огромно внимание.

Семејството Трамп ја прекина традицијата во Белата куќа да може да престојуваат и домашни миленици, но Џо Бајден и неговата сопруга ги вратија животните на тој имот.

Оваа убава вест ја сподели токму првата дама на Америка која што споделила фотографии на кои што ја гледаме во друштво со нејзините „крзнени“ пријатели Чемпа и Мејџор.

„Чемпа ужива во својот нов кревет покрај каминот, додека пак Мејџор обожува да трча на јужниот тревник“, открил нејзиниот ПР Мајкл Ларос.

На фотографиите кои што Џил ги споделила, ја гледаме во друштво на германските овчари, во по малку несекојдневно издание: таа носи елегантен, долг и струкиран капут во комбинација со патики.

Сепак, не било какви - станува збор за моделот „Cloudflow“ од швајцарскиот бренд „On Running“ кои што се дизајнирани за спортски активности, пред сè за трчање.

Инаку, најголема обожавателка на патики е Мишел Обама која што често носеше водоотпорни модели, но ова не е првпат да воочиме сличност меѓу стилот на Џил и Меланија.

Особено внимание привлече изборот на модни парчиња за време на инаугурацијата на Џо Бајден, а еве како тоа изгледаше: 




Спонзорирани линкови

Маркетинг