Бајден се пошегува со новинарите: За вас разговаравме со Путин, многу ве поздравува

Точка

27/01/2021

10:01

1.969

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Џо Бајден се пошегува на прашањето на новинарот како го поминал разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин.

После разговорот на двајцата лидери, американски новинар го праша Џо Бајден за што разговарал со својот руски колега.

„За вас, многу ве поздравува“, одговори американскиот претседател Џо Бајден.

Да потсетиме, синоќа Бајден и Путин за првпат по инаугурацијата разговараа телефонски. Двајцата лидери се осврнале на повеќе теми.


Лидерите изразија задоволство со размена на нотите за продолжување на Договорот за стратешко офанзивно вооружување. Околу меѓународните теми, се зборувало за едностраното повлекување на САД од Договорот за отворено небо, проблемите околу иранската нуклеарна програма, украинскиот конфликт и руската иницијатива да се одржи самит на постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите нации.

Лидерите на САД и Русија разговараа за соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот, како и за трговско-економска соработка помеѓу двете земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг