Милионери се „прошверцувале“ на вакцинација: Застанале во ред меѓу селани, а биле откриени поради приватниот авион...

Точка

27/01/2021

10:40

2.125

Големина на фонт

а а а

Еден бизнисмен од Канада, заедно со неговата сопруга посетиле мало индијанско село на северот на земјата во Јукон, па со измама успеале да добијат вакцина против коронавирусот.

Родни Бејкер и неговата сопруга Екатерина со приватен авион пристигнале во близина на границата на Канада со Аљаска, во оддалечено село со околу 100 жители за кои биле обезбедени вакцини.

Со самиот факт што во оддалеченото село пристигнале од Ванкувер, дополнително ги загрозиле жителите, инаку припадници на индијанско племе.

Кога пристигнале на пунктот за вакцинација, Родни и Екатерина Бејкер тврделе дека работат во локален мотел, па докторите не се посомневале. Откако ги примиле вакцините, тие започнале да се распрашуваат за превоз до аеродромот. Тоа на докторите им станало сомнително, па се јавиле во мотелот од каде што дознале дека тие луѓе не се вработени во мотелот.

Случајот го пријавиле во полиција, а локални полицајци ги пречекалче Родни и Екатерина на аеродромот каде што ги чекал нивниот приватен авион.


Против нив е поднесена пријава, а се најдоа и на жесток удар на јавноста која е згрозена од нивната постапка. Многумина сметаат дека казната која што ја добиле е премала - тие се казнети со 500 долари, плус 75 долари судски трошоци или шест месеци затворска казна.

Јавноста е посебно бесна поради тоа што Бејкер само во 2019-та година пријавил заработка од 11 милиони канадски долари.

Ангела Демит, старешина во малата заедница на локални Индијанци смета дека казната е премала затоа што парот со своето однесување го загрозиле животот на жителите во изолираното село.

„Ја загрозија заедницата и нашиот тим. Многу сум лут поради целата таа ситуација“, изјави Џон Стајкер, министер задолжен за Јукон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг