Во Франција повеќе од 22.000 заразени, расте стравот од трето национално затворање

Макфакс

27/01/2021

11:21

640

Големина на фонт

а а а

Иако вакцината против Ковид-19 е светло на крајот од тунелот по 2020 година, бројот на заразени со коронавирус во Франција сè уште е алармантен. Регистрирани се 22.086 нови случаи на коронавирус, објавија француските здравствени власти.

Поради денешното ненадејно зголемување на повеќе од 4.000 заболени во споредба со вчерашниот ден, и близу до бројот забележан минатиот вторник, расте стравот од третото национално затворање, според агенцијата „Ројтерс“.

Расте и бројот на пациенти на интензивна нега, што е поголем од 3.000 втор ден по ред.

Кога бројот на пациенти на интензивна нега ќе биде помал од 3.000, тоа ќе биде знак дека владата може да попушти некои ограничувачки мерки на второто национално затворање, кое е на сила од 15 декември.

Во Франција, која е на шестото место во светот по бројот на заразени со коронавирусота, се разболе вкупно 3.079.043 лица.

Од последниот пресек во Франција починале уште 612 лица. Вкупно 74.106 лица починале како резултат на зараза со коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг