Групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ која пред неколку месеци ја вознемири македонската јавност е повторно активна.
„Јавна соба“ брои нешто повеќе од 5 илјади членови кои споделуваат експлицитни фотографии, лични податоци, броеви од телефони и профили од социјални мрежи.
Во текот на минатата година група со исто име имаше околу 7 илјади членови кои меѓусебе разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, меѓу кои имаше и малолетни лица.
Наводно случајот бил пријавен во МВР од страна на девојка чии фотогафии биле објавени во групата.
Минатата година две девојки го пријавија случајот, а администраторот на групата самиот се пријави во полиција, информираа од Министерството за внатрешни работи.