Нина Ред за Точка ТВ: „Еднаш за емисија во живо наместо M, облеков фармерки S, а потоа...“

Точка

19/02/2021

23:46

12.237

Големина на фонт

а а а

Николина Славковска, или во јавноста позната како Нина Ред, постојано успева да ѝ го привлече вниманието на публиката, дури и кога не е на малите екрани.

Нина е новинарка, а од неодамна е и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, може да се каже дека е и Инфлуенсерка, со оглед дека е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде што има повеќе од 8.000 следбеници.

Славковска е препознатлива по позитивната енергија која ја шири каде и да се појави, па ретко кој не сака да биде во нејзино друштво.

Нина нѝ дојде нагости во нашите простории, нѝ донесе ведрина, позитивна енергија и многу интересни приказни кои вреди јавно да се раскажат.

Водителката во интервју за Точка открива кои се тајните на новинарите за успешно да извлечат некоја пикантерија од соговорникот, нѝ сподели интересно искуство со пејачот Жељко Самарџиќ. Дознаваме што се случува во бекстејџот на Бекстејџ, што необично ѝ се случило на емисија во живо, откриваме дали Нина има момче.

Погледнете го видеото кое ќе ве расположи, на момент ќе ве замисли, но во секој случај ќе ви измами насмевка на лицето.


Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk