Такеда – „јапонскиот Ворен Бафет“: Неговите совети за успех и среќа се толку едноставни што веднаш треба да ги примените

Супермен

22/02/2021

17:42

2.034

Големина на фонт

а а а

Вахеи Такеда бил еден од најуспешните и најпознати инвеститори во Јапонија, а го стекнал и прекарот „јапонскиот Ворен Бафет“.

Овој успешен богаташ се издвојувал во „клубот“ на познатите милијардери по својата филозофија за парите, верувајќи дека сè може да се постигне со помош на љубезност.

Имено, Кен Хонди, на кој Такеда му бил ментор 15 години, а кој што е автор на бестселерот „Среќни пари: јапонска уметност за постигнување мир со вашите пари“, за „CNBC“ зборувал за истражувањето на парите и среќата.

Тој истакнал дека еден од најзначајните поединци кој што некогаш го запознал бил инвеститорот Вахеи Такеда.

Пред Такеда да почине во 2016 година му бил ментор на Хонди цели 15 години, а тој тврди дека Такеда го научил што всушност значи да живееш успешен и среќен живот.

„Во играта со парите нема крај“, изјавил Такеда.


Ворен Бафет од Јапонија

Тој често бил нарекуван „јапонскиот Ворен Бафет“, а воедно бил и еден од најуспешните и најпознати инвеститори во земјата.

Во 2006 година Такеда ги имал првите 10 удели во над 100 компании чија вредност се проценувала на 30 милијарди јени, што го направило јапонски инвеститор број 1.

Такеда е основач на фабриката за слатки „Такеда“, а тоа што е интересно е тоа што доколку ја посетите таа фабрика ќе ги затекнете вработените како слушаат музика од деца кои што пеат „аригато“, што на јапонски значи благодарам.

„Маро“ е клучот на среќниот живот

Сè што ја одржува филозофијата на Такеда е „маро“, што на јапонски е кратенка од „магокоро“ и значи искрено срце. Суштината на „маро“ се внатрешните задоволства и благодарноста.


Постигнување состојба „маро“

Оние кои што се во контакт со своето „маро“ создаваат „вин-вин“ ситуации, за себе и за другите.

Кога ќе се зголеми вашето „маро“, според Такеда доаѓа до три работи:

1. Станувате магнети, емитувате и привлекувате позитивна енергија.

2. Станувате постраствени и поенергични за постигнување работи кои што ви се важни.

3. Изразувате повеќе благодарност за животот и сè повеќе кажувате „благодарам“.

Доколку сте опкружени со луѓе на кои што парите им се најважни, наједноставниот начин да се постигне „маро“ состојба е да се искаже благодарност и да им се подаруваат работи на другите, наместо секогаш да се сака и бара повеќе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk