Уживање на една од најубавите плажи... Тој е во одлична форма, а Тина секогаш е преубава.
Венсан Касел (53) е популарен француски актер чија заводливост веројатно никогаш не може целосно да се објасни.
Многумина тврдат дека е „симпатично грозен“, но факт е дека тој секогаш е во присуство на најубавите жени на светот, а тоа покажува дека во него постои некаква магија.
Неговата прва сопруга Моника Белучи сигурно и денес е на првото место на многуте топ листи за светски убавици.
Неодамна папарацо фотографите забележале момент кога тој уживал со својата помлада сопруга Тина Кунаки, а мора да признаеме дека таа изгледа навистина одлично - секојпат како да е на модната писта.
Како што е познато досега, Тина ужива во убавината и прикажувањето на своето сексапилно тело, па поради тоа таа позираше гола во текот на својата бременост.
Не е ни чудно што избрала да носи оскудно бикини за уживање на плажата во Рио де Жанеиро, а папараците биле воодушевени од глетката.
Што мислите вие?