Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, дал интервју за официјалниот сајт на Австралијан опен кој што неодамна го освои по рекорден деветти пат.
За таа прилика српскиот ас открил еден од триковите кои што му помагаат да изгледа подобро на терен. Тоа што е интересно е дека разговорот со Ѓоковиќ го правело момче од Србија, Андрија Михајловиќ.
На прашањето „што прави на терен за да игра подобро“, Ѓоковиќ одговорил:
„Се фокусирам на дишењето. Постојано дишеме, но никогаш не размислуваме за тоа. Кога ќе почнеш да размислуваш за тоа и кога ќе се фокусираш, тогаш можеш да го подобриш функционирањето - и тоа е еден од најлесните трикови“.
Conversation of a lifetime with an 18x Grand Slam champion.
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 23, 2021
Dinner plans sorted for next year, hey @DjokerNole? ? ? ✨@ANZ_AU #TennisHotShots #AusOpen #AO2021 pic.twitter.com/HHL9XhiLUu
Ноле го коментирал и своето семејство, како и спортовите кои што ги обожува, освен тенисот:
„Имам две прекрасни деца. Стефан има шест години, а Тара има три. Најмногу време поминувам со нив. Ги сакам и останатите спортови, многу време во детството поминував на планина, тоа можеби ми е омилениот спорт по тенисот. Потоа следуваат спортовите со топка, фудбал, кошарка, ракомет... Сакам и голф“, истакнал Ѓоковиќ додавајќи дека од славните личности би сакал со Мајкл Џордан да оди на вечера.