Откриваме: Во кои градови живеат најбогатите луѓе?

Супермен

25/02/2021

16:44

1.367

Големина на фонт

а а а

Како што знаете и самите, најбогатите луѓе во светот внимателно го бираат своето место на живеење, земајќи предвид многубројни фактори.

Многу дестинации на нашата планета едноставно се попогодни за оние со подлабок џеб, нудејќи им можност да уживаат во поубавата страна од животот.

Њујорк е еден од градовите кои што се како магнет за луѓето со големите соништа и големи буџети, а најнов доказ за тоа е во прилог на изјавата во форма на извештај од компанијата „Wealth X“ која што се занимава со финансиски информации и платформи за недвижнини.


Нивните податоци велат: ниту еден град нема поголем број на индивидуални сопственици на недвижнини со поголемо приватно богатство од над 30 милиони долари како Њујорк.

Заедничкото истражување се обидело да октрие каде ултрабогатите сопственици на недвижнини всушност живеат, а одговорот бил совршено јасен - во Њујорк. Истражувачите пронашле дури 24.660 припадници на оваа класа кои што имаат примарна или пак секундарна резиденција во Големото Јаболко.

Таа бројка го става Њујорк на водечката позиција со голема предност, како што стои во извештајот. На второто место на листата се наоѓа Лос Анџелес каде што живеат 16.295 такви луѓе, додека пак во Лондон има 14.485, Хонгконг 14.235 и Париз 7.035.


Многумина се запрашале зошто секундарните домови се вклучени во ова истражување, а како што наведуваат истражувачите, на тој начин можеле да добијат поголем „холистички приказ на резиденцијалниот впечаток“ на богатите луѓе.

И, додека Њујорк има највисока бројка на ултрабогати луѓе, титулата за градот со најгусто населени милионери му припаѓа на Монако каде што еден од 29 жители одговара на тој критериум. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk