Mанекенката била една од 12-те љубовници во харемот на шеикот милијардер: „Ќе се заклучевме во соба и со денови водевме љубов“

Супермен

26/02/2021

11:32

6.943

Големина на фонт

а а а

Харемите на саудискиот шеик отсекогаш привлекувале големо внимание во јавноста. Но, што навистина се случувало таму отсекогаш било мистерија која што малку ја разјаснила книгата на 60-годишната Џил Дод објавена во 2017 година.

Денес таа е позната како успешна бизнис жена и основач на модниот бренд „Roxy“, но во текот на 80-тите години била една од девојките во харемот на саудискиот шеик и трговец со оружје Аднан Кашоги. Дод го запознала шеикот на некоја забава во Париз кога имала само 21 година.

Тој ѝ пришол и ја замолил да танцуваат. Во тој момент таа не знаела со кој танцува, дознала дури подоцна. Во тоа време шеикот „тежел“ четири милијарди долари и многумина верувале дека тогаш бил најбогатиот човек на светот.


Познатиот шеик бил трговец со оружје кој што соработувал со многубројни земји, произведувачи на оружје, но и приватни клиенти од цел свет. Дод во моментот кога го запознала работела како модел.

Нејзе ја заинтригирал неговиот ексцентричен начин да привлече внимание, особено во моментот кога ја скршил чашата од шампањот кога почнале да танцуваат. Откако седнале, со својата крв на нејзината рака напишал: „те сакам“.

„Немав поим кој е тој, но некако ми се допадна“, раскажала таа.

Кога се запознале, шеикот веќе бил оженет и имал пет деца, но имал право на уште 11 жени за задоволство. Една од нив набрзо станала и манекенката. Живеела во неговите одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде на ред за сексуалните односи со богаташот.


Уживале во заедничките вечери, а ја водел и на најлуксузните забави.

„Ќе се заклучевме во соба и со денови водевме љубов, јадевме, готвачот ни носеше храна, консумиравме кокаин и спиевме каде и да посакавме“, раскажала Џил пред неколку години за „Independent“, а оваа година открила непознати детали.

Пред да стапат во врска, со него потпишала петгодишен договор. Во него пишувало дека тој ќе се грижи за неа во сите аспекти, но таа ќе мора да му биде на располагање 24/7.

Таа го прифатила тоа и на самиот почеток не била љубоморна на другите жени во харемот, но откако ѝ била дијагностицирана анксиозност поради таквиот живот, почнала да го одбива сето тоа.

Откако на друга жена видела идентичен прстен каков што носела таа на раката, сфатила дека тоа не е живот со милијардерот за каков што сонувала.


„Набрзо потоа раскинавме и воглавно чувствував олеснување затоа што сфатив дека трчањето по среќата низ парите е исто како да трчате по својата сенка“, изјавила таа.

Инаку, манекенката своето искуство го објавила во книгата: „Цената на љубовта: Храбро патување за наоѓање љубов“ која што била објавена во 2017 година.

По харемот, таа го сменила својот живот, се венчала и родила три деца.

„Никогаш не се сметав себеси за виновна, и понатаму тоа го мислам за себе“, вели таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk