Porsche 993 Speedster на Gunther Werks ќе ве остави без зборови...

Точка

26/02/2021

21:50

1.937

Големина на фонт

а а а

Компанијата Gunther Werks е позната по тоа што како база за „своите“ модели го користи легендарниот Porsche 993, но секако, го надоградува со модерни агрегати и технологии. Последниот продукт на компанијата е 993 Speedster Remastered.

Овој автомобил користи 4.0-литарски боксер мотор со шест цилиндри од Rothsport Racing. Оваа погонска единица располага со 435 коњски сили и 454 Nm максимален вртежен момент. Силата се пренесува на задните тркала преку оригинален, но унапреден мануелен менувач од изворниот 993.


Претставници на компанијата Gunther Werks истакнаа дека посебно внимание било посветено на цврстината на трупот за управувањето и возните карактеристики да бидат на високо ниво.


За дизајнот нема потреба да се трошат зборови – автомобилот едноставно изгледа фантастично. Хаубата е изработена целосно од карбонски влакна, ретровизорите се изработени од куќиште од алуминиум, додека од истиот материјал се изработени и рачките на вратите.

Во кабината најмногу доминираат алуминиумот и јаглеородните влакна, а од карбон се изработени и седиштата.


Gunther Werks планира да изработи само 25 примероци на овој автомобил, но цената се уште не е позната. Сепак, американските медиуми веруваат дека за еден ваков примерок ќе треба да се издвојат најмалку 600 илјади долари. Првите примероци ќе бидат произведени на почетокот на идната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг