Верувале или не, ова е Софија Вергара пред 30 години

Супермен

01/03/2021

21:10

4.355

Големина на фонт

а а а

Актерката Софија Вергара во младоста била многу посакувана жена, а сега на Инстаграм сподели фотографија од пред 30-на години и ги распамети следбениците.

Виткиот стас и егзотичното латино лице по мислење на многу експерти за убавина - е она што ја прават денес привлечна.

Нејзините обожаватели често ѝ порачуваат дека денес изгледа подобро, но Вергара (48) гордо ги покажува своите фотографии настанати во 90-те години.

Со последната фотографија која ја објави на Инстаграм им ја разбуди фантазијата на мажите. Сподели фотографија која настанала во Мајами пред 30-на години.

Вергара направила предизвикувачка поза, облекла црно бикини кое ѝ ги истакнало облините. Заводливо гледа во камерата, а долгата коса ѝ паѓа низ рамената и грбот.

„Ти си најубава жена“, „И понатаму така изгледаш, дури можеби и подобро“, „Кралица, и понатаму изгледаш одлично“, ѝ пишувале следбениците во коментари.

Латино заводничката е позната по своите облини, а исто така е една од најплатените актерки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk