Hyundai го претстави новиот кросовер Bayon

Точка

02/03/2021

15:18

2.016

Големина на фонт

а а а

Hyundai одржа онлајн премиера за својот нов кросовер Bayon кој во понудата на јужнокорејската компанија ќе ја заземе позицијата под моделот Kona.

Иако станува збор за возило со зголемено растојание од тлото и заштитни елементи на долниот дел од каросеријата, Bayon не е наменет за потешки теренски услови, па така, нема да биде достапен во верзија со погон на сите четири тркала.


Интересно е тоа што сите верзии на овој автомобил се опремени со 10,25-инчна дигитална инструмент табла, додека централниот дисплеј на инфотејнмент системот во поевтините опции ќе има дијагонала од 8 инчи, а во поскапите верзии големина од 10,25-инчи и навигација.


Основниот мотор е 1,2 бензинец со 84 коњски сили. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу две опции на троцилиндарски 1,0-литарски турбо бензинец. Послабиот агрегат произведува 100 коњски сили и 172 Nm максимален вртежен момент, додека помоќниот произведува 120 коњски сили и исто така 172 Nm максимален вртежен момент. Исто така, помоќниот мотор ќе биде потпомогнат од 48 волтен „благ“ хибриден систем.


Иако Hyundai Bayon на пазарот ќе се „преклопува“ со моделот Kona, корејскиот производител наведува дека новиот модел е наменет за оние кои немаат потреба од погон на 4 тркала или електрична верзија.

Покрај тоа, од Hyndai нагласија дека Bayon ќе биде избор за оние кои сакаат практичен, покомпактен автомобил со голем багажен простор и дизајн кој се издвојува од конкуренцијата.


Новиот кросовер на Hyundai пристигнува во продажните салони во текот на летото, а тогаш ќе биде позната и цената.




Спонзорирани линкови

Маркетинг