Зборуваа дека се забавува со разни девојки, но славниот фудбалер тврди дека ја сака само оваа 50-годишна жена: „Не ме интересираат други“

Супермен

03/03/2021

22:11

15.647

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите фудбалери на светот, 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера се труди во прв план да му биде само фудбалот, но некогаш него го поврзваат и со некој скандал - секако на тема жени.

Па, така неодамна него го поврзаа со славната спортска новинарка од Италија, Дилета Леота со која што соработувал во неколку реклами, а тамошните медиуми тврдеа дека двајцата се во врска. Сепак, тие двајца не се изјасниле во врска со тие шпекулации, баш како ниту и 11 години постарата сопруга на Златан, убавата Швеѓанка - Хелена Сегер.


Златан својот приватен живот го држи подалеку од погледите на јавнота, па поради тоа ретко открива детали од својот брак со поранешната шведска мнекенка со која што ги има синовите Максимилијан и Винсент. Тоа е и една од дополнителните причини поради кои Хелена е интересна за јавноста и привлекува внимание каде и да се појави.

Во едно од ретките интервјуа кои што ги дала, признала дека не троши премногу време за сопствениот изглед, дека мисли дека има преголеми усни, прекратни нозе и дека подобро се чувствува кога носи фармерки отколку дизајнирани фустани.

Таа нема вработени домашни помошнички, ужива во возењето мотор, а интервјуата ретко ги дава.


„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав веќе успешна изградена кариера, свои пари и не ми требаше фудбалер да ме издржува. Бев независна, а тој не беше мој тип на маж. На нашата прва средба тој ми го блокираше влезот во мојот автомобил со свотето Ферари, а јас го видов неговиот голем нос и часовникот на раката. Бев нерасположена, викав по него и мислев дека тоа не му се допадна“, изјавила Хелена во едно интервју.


Колку Златан ја обожува својата сопруга, покажува одговорот на едно новинарско прашање за тоа какви жени сака:

„На какви жени мислите? Јас сакам само една жена“, изјавил Златан притоа мислејќи на својата Хелена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk