По 37 години Жељко Бебек ја откри вистината за напуштањето на „Бјело дугме“: „Си заминав затоа што не сакав да го пеам тоа“

Точка

03/03/2021

11:54

4.131

Големина на фонт

а а а

Музичарот Жељко Бебек (75) проговорил за деталите за напуштањето на групата „Бјело Дугме“ во 1984 година.

Тој коментирал дека несогласувањата започнале поради песната „Косовска“ која што Горан Бреговиќ (70) ја напишал на албански јазик.

„Несогласувањата започнаа една година претходно, кога Горан веќе наголемо беше одвоен од базата на бендот, всушност кога повеќе не беше во бендот, туку нè сметаше за состав кој што работи за него. Како човек кој што ја сака музиката и бендот, стравував да не се повтори ситуацијата кога политиката во 1976 година влезе да направи „дармар“ во Бјело Дугме“, изјавил Жељко.


Според неговите зборови, почнало да му смета тоа што Горан започнал да форсира рок музика која што мора да „плука“ по нешто.

„Не сфатив зошто ни е потребна песна на албански јазик. Не бев ниту против таа песна, ниту против албанскиот јазик, но не знаев зошто на Бјело дугме му треба тоа. Живеевме во свет во кој што тој потег можеше да личи на уметничка слобода, а истовремено можеше да значи и ова - доколку е веќе рамноправност, тогаш можеме да пееме и на албански“, додал тој.

„Тоа всушност ме онерасположи и тогаш почнав да размислувам што ми треба мене, мене кој што сакав да ја пеам „Селма“, „Сањао сам ночас да те намам“ или „Не спавај мала моја“. Па одеднаш пеам песна која што има друга конотација“.

„Одговорот дојде по два месеци. Зазедов цврст став и му реков на Горан: „Одиме во нов проект, но вакви потези повеќе нема да толерирам. Доколку постојат такви работи, ќе си заминам од бендот““, вели Бебек.


И, потоа дошол проектот со песната „Липе Цвату“, а Бебек вели:

„Не можев да пеам стих како „Равна ти је Југославија“, особено во политичка смисла на овие простори кога дојде до сериозни преминувања. Никогаш претходно во политичка смисла на овие простори не дошло од социјализмот да се оди во капитализмот“.

„Не сакав да го менувам статусот и поради тоа дојде до нарушување на односите во бендот и расправии кои што завршија како што завршија“, вели Бебек.

„Бјело Дугме за мене престана да постои во 1984 година. Сè останато што работеше екипата луѓе која го носеше името Бјело Дугме воопшто не ме интересираше, освен кога во текот на некои интервјуа ќе се присетам на тие десет години“, истакнал Жељко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг