На продажба ултра редок коњак со потпис на раперот Џеј Зи

Супермен

03/03/2021

14:50

1.311

Големина на фонт

а а а

Славниот рапер Џеј Зи го претстави својот 50-ти роденден, претставувајќи едно буре коњак „D’Usse 1969 Anniversaire Cognac“, вреден 5000 долари.

Сега, единствената преостаната флаша која го носи потписот на познатиот уметник заминува на аукција која ќе се одржи на 13 март.

Фондацијата „Шон Картер“ очекува да заработи помеѓу 25.000 и 75.000 долари од продажбата на овој екслузивен коњак. Оваа организација има за цел да им помогне на поединците кои се борат со економски проблеми, овозможувајќи им пристап до високото образование.


Сите шишиња од колекцијата се нумерирани со инкрипција, со затворач што го означува нивниот реден број. Дванаесетте кристално исечени дијамантски декантери доаѓаат во величенствена кожна кутија, декорирана со раскошни акценти, но шишето број 1 доаѓа со 24-каратна златна фолија, покрај потписот на Џеј Зи.


„Кога нашиот мајстор за визба, Мишел Касавекија, го откри овој стар пијалок во „Chateau de Cognac“ и ја објасни неговата вредност, за мене беше многу важно да му оддадам почит со тоа што ќе направам нешто за да ја прославам неговата уникатност.


Кога ова буре ќе се испразни, тоа не може повторно да се креира. Целиот процес кој стои зад колекцијата „Anniversaire 1969“ ме потсети зошто се впуштив во овој бизнис – за да креирам нешто ќе одолее на текот на времето. Многу ми е важно што конечно можеме го споделиме ограниченото издание на „D’Usse 1969 Anniversaire“ со остатокот од светот, додека целиот профит од продажбата на првите шишиња ќе оди директно на фондацијата ‘Шон Картер’“, вели познатиот рапер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk