Volvo го претстави електричниот C40 Recharge

Точка

03/03/2021

15:30

2.282

Големина на фонт

а а а

Откако најавија дека од 2030-та година целосно ќе преминат на производство на електрични автомобили, од шведската компанија тргнаа во реализацијата на овој план.

Базиран на CMA механичката платформа, C40 Recharge е првиот Volvo автомобил направен да користи исклучиво електромотор како погонски систем. Единствениот модел досега беше XC40 Recharge, но овој SUV најпрвин беше конструиран како возило со мотор на внатрешно согорување, за нешто подоцна да следува електрична верзија.


C40 Recharge е првиот купе-кросовер на Volvo, со предниот дел потсетува на XC40, но со оглед на тоа што покривот наназад се спушта, се истакнува купе силуетата.


Погонскиот систем се состои од два електромотори - еден напред и еден позади. Двата електромотори обезбедуваат вкупна комбинирана сила од 408 коњски сили, додека максималниот вртежен момент изнесува 660 Nm.


Електричната енергија се складира во батерија со капацитет од 78 kWh која обезбедува автономија во возењето од околу 420 километри според WLTP стандардот.


Volvo C40 Recharge ќе се произведува во фабриката во белгиски Гент каде што се произведува и XC40 Recharge, а производството започнува на есен оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг