Меган Маркл доби на суд: Британски таблоид мора да плати повеќе од 500.000 евра, сè започнало поради писмото до нејзиниот татко!

Точка

03/03/2021

15:40

2.146

Големина на фонт

а а а

Уредникот на британски таблоид мора да исплати повеќе од 500.000 евра за трошоци за судски постапки откако неговата компанија го изгубила спорот со Меган Маркл.

Тие ја нарушиле приватноста на Меган, објавувајќи го нејзиното писмо упатено до татко ѝ.


На рочиштето кое е одржано во вторникот, на 2-ри март, судијата наложил групата „Associated Newspapers“ да изврши уплата во износ од 450.000 фунти за покривање на судските трошоци. Адвокатот на војвотката од Сасекс, Јан Мил, барал 750.000 фунти.

Адвокатите на британската медиумска куќа „Mail on Sunday“, планираат да поднесат жалба до судот, а адвокатот на поранешната војвотка побарал после пресудата изречена минатиот месец, на насловната страница да бидат објавени јавни деманти.


Да потсетиме, Меган Маркл ја тужеше медиумската куќа „Associated Newspapers“ за кршење на приватноста со објавување делови од рачно напишаното писмо кое во август, 2018-та година му го упатила на нејзиниот татко Томас Маркл, а со кој моментално е во лоши односи.

Во писмото од татко ѝ побарала да престане преку медиумите да изнесува лажни информации дека тогаш наводно ја прекинала врската со Хари. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг