Филмот „Music“ зад кој стои пејачката Сиа, започна да се емитува ширум светот минатата недела, а веќе го следат големи контроверзии.
Филмот следи девојка (Кејт Хадсон) која станува старателка на својата аутистична полусестра Мјузик (Music), која ја глуми Меди Зиглер.
Она што на многумина им пречи, најмногу на лицата кои боледуваат од аутизам, е тоа што ликот на девојка која боледува од аутизам го толкува актерка која не е аутистична.
„Ова е потполно неприфатливо и нема оправдувања, тоа би требало подобро да го знаете пред да дозволите способни и невротипични личности да ја претставуваат заедницата со инвалидитет. Неверојатно е навредливо како и инфантализацијата на ликот. Болно. Дури нема ниту титли. Не го пуштајте ова“, гласи еден од коментарите на Твитер.
„Неколку аутистични актери, вклучувајќи ме и мене, реагиравме на овие твитови. Ние можевме да глумиме во овој филм. Овие изговори се само – изговори. Факт е дека е вложен нула напор да се вклучи секој кој е всушност аутистичен“, напишала уште една корисничка на Твитер, на која што Сиа самата ѝ одговорила дека можеби „е само лош актер“.
Како што пишува „BuzzFeed“, критиките не се одлични.
Погледнете го трејлерот: