Антиќ: Не размислувам за оставка, не играме ние на теренот!

Макфакс

03/03/2021

15:25

1.171

Големина на фонт

а а а

Македонската кошаркарска репрезентација немаше доволно среќа и поради поен количникот не обезбеди пласман на Европското првенство, а со оглед на тоа што емоциите се крајно измешани по крајот на турнирот кој се одржа во Перм, денеска Перо Антиќ, Тодор Гечевски се појавија на закажана прес-конференција на која се соочија со новинарите.

Претседателот на Федерацијата и спортскиот директор директно присуствуваа на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, додека вклучување имаше и селекторот Александар Тодоров преку видео-конференција, чија иднина во репрезентацијата сепак е неизвесна и допрва ќе се одлучува дали ќе остане предводник на најсилниот тим.

Најважно од пресот беше излагањето на претседателот Перо Антиќ, кој изречно нагласи дека не размислува да си поднесе оставка, а испрати и „отровни стрели“ до одредени медиуми за создавањето непотребен притисок, односно некоректно „плукање“ уште по првиот пораз.

– Ние уште од кога дојдовме на чело на федерацијата имаме притисок. Продолжуваме понатаму како и да е, знаеме кои медиуми и зошто го прават тоа и нека им е на чест. После еден пораз фрлаа со дрва и камења, а веднаш потоа ставот да се смени и да „викаме браво“.

– Нека се удира по нас, оставете ги кошаркарите да играат на теренот. Сме биле играчи знаеме колку е важна поддршката од сите страни. Резултатите на крај остануваат на нив, на играчите и на селекторот, не можеме ние да влеземе на терен и да играме наместо нив. Ние како федерација ги овозможивме сите услови на репрезентацијата, направивме сè што е во рамки на нашите можности. Не размислувам за оставка, – нагласи Перо Антиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг