Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!

Дерби

03/03/2021

15:26

3.031

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд го користи својот официјален „Јутјуб“ канал за да ги анализира сите случувања во Премиер лигата и да отвора интересни теми со своите соговорници, а во последното обраќање кое го имаше на оваа платформа, легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед одново говореше за неверојатниот интензитет кој владеел на тренинзите на Сер Алекс Фергусон.

Шампионскиот тим на Јунајтед беше препознатлив по тоа што воопшто не се штедеше на тренинзите и имаше неколку момци кои посебно беа подготвени за „тепање“ на пресметките со соиграчите, а еден од нив бил и легендарниот голгетер Руд Ван Нистелрој кој на почетокот воопшто не го штедел младиот Кристијано Роналдо.

– Се сеќавам на годината кога пристигна Роналдо, тоа беше луда година во која на тренинзите навистина знаеше да се вжешти ситуацијата. Додека сте трепнале и сте ги отвориле очите, има некој жесток дуел и расправија

– Имаше голема тензија и многу тестостерон во воздухот, јас често знаев да се впуштам во неволја, најголем дел од времето викав на тренинзите. Се сеќавам на едан епизода со Руд Ван Нистелрој. Тој го удри Роналдо неколку пати и му нанесе штета во пределот на ахиловата тетива.

– Потоа, Руд ја зема топката, истрчав накај него и буквално го уништив, го удрив многу силно. Руд застана на нозе и тргна накај мене, останатите соиграчи мораа да реагираат. На крај не се случи ништо. Кристијано беше дете и сакав да го остави на мира, но Руд беше таков. Тој беше животно, беше брутален, најдобриот играч во шеснаесетникот со кого играв, – порачува Рио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг