"Ја глорифицира Сатаната": Бура на Кипар поради песната на Евровизија: Православната црква незадоволна, отпочната петиција за нејзино повлекување

Точка

03/03/2021

17:31

2.918

Големина на фонт

а а а

Кипарската православна црква изразила противење поради песната претставник на таа земја на овогодишното натпреварување на Песната за Евровизија, бидејќи, како што тврди, ја глорификува Сатаната.

Песната го носи шпанското име "Ел Диабло", што значи ѓавол, а ја изведува грчката пејачка Елена Цагриноу. Досега он-лајн петицијата за нејзиното повлекување ја потпишале 16.500 луѓе.

"Ова е глорификација на фаталистичкото верување и потчинување на ѓаволските сили", соопштил Светиот синод на Кипарската православна црква и ја повикал Владата да го искористи своето влијание за да се повлече песната од натпреварувањето.

Владините службеници одговориле дека го почитуваат ставот на оние кои не се согласуваат со песната, но дека нејзино повлекување не доаѓа во предвид, пренесува "Reuters".

"Владата почитува креативни, интелектуални и уметнички слободи кои не може да бидат погрешно интерпретирани или ограничени поради име на песна", рекол портпаролот на Владата Викториас Пападопулос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг