Ова не е куќа, ова е дворец! Погледнете ја вилата на Пол Погба: Вреди 'само' 3 милиони фунти, а Французинот ги заработил за 3 месеци!

Супермен

03/03/2021

18:21

3.734

Големина на фонт

а а а

Сè е лесно кога си млад, а уште полесно е кога си професионален фудбалер и ѕвезда во една од 5-те најдобрите фудбалски лиги.

Пол Погба, суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, после голманот Давид де Хеа е најплатен во клубот со неделна заработка од 290.000 фунти или годишно околу 15.000.000.

Затоа и не е чудно што 'лудува' купувајќи екстремно скапи недвижнини, автомобили, накит... Погба така одлучил да ја покаже својата вила која ја платил 3 милиони фунти. Значи, за неа морал да работи дури три месеци.


Отако во Англија се воведени строгите правила поради пандемијата, Пол одлучил во куќата да инсталира разни геџети за семејството да може полесно да го помине тешкиот период.

Па така, направил импровизиран фудбалски терен на кој колку-толку ја одржува фромата и се забавува со синчето. Сака да игра и шах, па за таа цел сакал да му биде направен специјален сет од злато и останати вредни материјали со неговото лого на средина на таблата.

Секој детаљ во домот е персонализиран, па така и масата за билјарт и стони фудбал. На неговата сопруга Марија и синот Лабил, воопшто не им паѓа тешко тоа што времето мора да го поминуваат дома.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk