Илон Маск повеќе не е вториот најбогат човек на светот – кој го престигна?

Супермен

05/03/2021

19:56

3.622

Големина на фонт

а а а

Основачот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, повеќе не е вториот најбогат човек на светот.

Богатството на Маск е помало за 6,2 милијарди долари, што го спушти на третото место на листата на „Forbes“ на најбогати луѓе на светот.

Падот на богатството на Маск започна во средата, кога изгуби околу 6,5 милијарди долари. Некое време беше на третото место, но потоа промените на пазарот го вратија на второто место.


Сепак, како што пренесува „Entepreneur“, денешниот ден не му одеше во прилог, со оглед дека акциите на „Tesla“ паднаа за 5 отсто. Богатството на Маск сега е проценето на 150,9 милијарди долари.

Иако ова може да биде нормално однесување на пазарот и многу е можно да се врати на „старо“ во блиска иднина, Маск засега ќе мора да му ја даде круната на друг милијардер – Бернард Арно, сопственик на конгломератот „LVMH“, со богатство од дури 155,6 милијарди долари.

Во „LVMH“ спаѓаат повеќе од 70 луксузни брендови: Луј Витон, Кристијан Диор, Фенди, Живанши, Марк Џејкобс, Фенти Бјути, Булгари, Тифани, Сефора...


До пред еден месец, на првaта позиција на листата на најбогати се менуваа Илон Маск и Џеф Безос, сопственикот на Амазон. Сепак, Безос сега му „бега“ на Маск за скоро 25 милијарди долари, бидејќи неговото моментално богатство се проценува на 175,4 милијарди долари.

Пред само десет дена, акциите на Тесла паднаа за 25 отсто, а Маск загуби повеќе од 15 милијарди долари во еден ден. Во тоа време, 49-годишниот милијардер беше „тежок“ 166,1 милијарди долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk