Била келнерка во локално кафуле, па го угостила славниот заводник – денес не се одвојуваат еден од друг...

Супермен

09/03/2021

11:22

3.238

Големина на фонт

а а а

Оваа девојка никогаш не се одвојува од своето популарно момче, но сепак сега карантинот ќе ги одвои во временски период од две седмици.

Ванеса Валадерс моментално ужива во Сиднеј, каде што го пречекала своето момче Зек Ефрон. Зек неодамна се вратил од патување од Дубаи поради што му следел 14-дневен карантин, а тоа ќе биде првпат парот да биде одвоен.

25-годишната манекенка овие денови била „уловена“ на плажа во Сиднеј, а судејќи по сè времето планира и понатаму да го поминува на прекрасните плажи.


Инаку, парот се запознал минатата година во едно кафуле во Сиднеј каде што Ванеса работела како келнерка. Зек ѝ пришол по пат на нејзиниот шеф, сопственик на кафулето и потоа следела нивната романса која трае до денес.

Ванеса по кратко време дала отказ од кафулето затоа што сакала да поминува повеќе време со своето момче кое што поголем дел од годината е во Австралија, а тој во врска со тоа вели дека „таму се чувствува многу поубаво отколку во Калифорнија“.


„Тоа што го обожувам во Австралија се плажите на кои што нема многу луѓе. Тоа го нема во Калифорнија“, изјавил Зек и објавил дека размислува да купи имот во Австралија, за што со сигурност допринела и врската со преубавата Ванеса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk