Зошто директорот на „Apple“ тврди дека изреката „доколку го работите тоа што го сакате – нема да работите ниту еден ден од животот“ е тотална глупост

Супермен

09/03/2021

11:47

2.066

Големина на фонт

а а а

„Пронајди го тоа што го сакаш. Работи го тоа што го сакаш. Тогаш работата нема да биде работа. Ова звучи премногу добро за да биде вистинито“, така вели директорот на компанијата „Apple“, Тим Кук.

„Постои изрека дека доколку го работите тоа што го сакате нема да работите ниту еден ден во вашиот живот. Во „Apple“ научив дека тоа е тотална глупост“, изјавил Кук во својот говор на Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс.

„Всушност, кога ќе најдете работа за која што имате страст, напорно ќе работите, но нема да ви пречи тоа што го работите. Ќе работите и повеќе отколку што некогаш сте мислеле дека тоа е можно, но алатот во вашите раце ќе биде 'лесен'“, изјавил Кук кој што стана дел од „Apple“ откако го повикал култниот претприемач Стив Џобс, пренесува „Биз Лајф“.


Тогаш Кук бил многу инспириран во работата:

„Стив во 1998 година ме убеди зад себе да го оставам „Compaq“ и да се придружам на компанијата која што тогаш беше на раб на банкрот. Направија компјутери, но во тој момент луѓето не беа заинтересирани да ги купат. Стив имаше план како да го промени тоа и јас сакав да бидам дел од тоа“, изјавил Кук.

„Не стануваше збор за iMac или iPod, или пак на сето тоа што следеше потоа, туку во вредностите кои што доведоа до тие изуми. Идејата беше ставањето на моќните алати во рацете на луѓето, да им помогне да бидат послободни и покреативни да го покренат човештвото“, вели тој.


Кук можеби ја сака работата која ја работи, но секако дека тој напорно работи за да успее во тоа што го прави.

„Сакам првиот час по будењето да ги согледам коментарите на сопственикот и слични работи кои се фокусирани на луѓето надвор, кои нам ни се толку многу важни. Потоа одам во теретана и вежбам еден час затоа што така стресот го држам под контрола“, заклучил Кук.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk