Игор Ангеловски - Мрме за Точка ТВ: „Пандев е фудбалска институција пред која се поклонуваат сите“

Точка

27/03/2021

00:22

3.130

Големина на фонт

а а а

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски - Мрме, е нашиот овонеделен гостин во Точка ТВ.

Мрме пред нашиот објектив одговори на многу прашања кои со сигурност ги интересираат вљубениците во македонскиот фудбал.

Селекторот зборуваше за македонската фудбалска легенда Горан Пандев, за неговата одука да се повлече од репрезентацијата. Нѝ одговори и на прашањето дали постои шанса да го предомислат фудбалерот во таа одлука, односно колку тие можат да влијаат на неа.

Исто така, Игор откри кои се најголеми шегаџии во нашата фудбалска репрезентација, кој е најмногу заслужен за позитивната енергија во тимот.

Дознајте кои му се најдраги победи во кариерата како тренер и селектор, кој светски тим би сакал да го води, кој бил првиот чекор кој го направил откако станал селектор на репрезентацијата...

Го потпрашавме нешто и за приватниот живот, па зборуваше и за тоа дали неговите деца одат по неговите стапки, дали спортуваат нешто, а дознаваме и каков сопруг е Ангеловски и колку е вклучен во домашните обврски. 

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk