Светските обложувалници едногласни: Ова ќе биде овогодишниот победник на Евровизија

Точка

05/04/2021

16:53

4.558

Големина на фонт

а а а

Останаа околу 40-на дена до почетокот на Евровизија, а обложувањето за овогодишниот победник одамна започна.

Британски „Смаркетс“, обложувалница која е позната по неверојатното предвидување на резултатите, предвидува дека овогодишен победник на Евровизија ќе биде пејачката Дестини која засега има 17 отсто шанси за победа.

Инаку, нејзе победа ѝ предвидуваат и останатите обложувалници уште од периодот кога нејзината песна „Je Me Casse“ беше објавена на Јутјуб.

Малта како победник ја гледаат и анкетираните луѓе, па на „Wiwibloggs“ таа веќе со денови е на самиот врв според бројот на гласовите од испитаниците.

Малта оваа година на Евровизија ќе ја претставува малтешко-нигериската пејачка Дестини која што има само 18 години.

Дестини песната ќе ја изведува на англиски јазик, а во некои кратки делови ќе пее на француски сленг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг