Тој заборавил на тогашната сопруга, а таа имала „разработен“ план: Откриено како Џоли го завела Бред Пит – и подрско е отколку што сте мислеле

Супермен

06/04/2021

11:27

5.580

Големина на фонт

а а а

Светот беше шокиран кога се појави информацијата дека актерот Бред Пит, тогаш венчан со актерката Џенифер Анистон, е во врска со колешката Анџелина Џоли, а дури 15 години подоцна дознаваме како сè почнало.

Сите знаат дека Бред и Анџелина почнале да флертуваат во текот на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Иако на почетокот тврделе дека за време на снимањето на филмот биле само пријатели, во првото големо интервју за нивниот однос Анџелина изјави дека нивните деца ќе можат да го гледаат филмот кој што бил снимен додека нивните родители биле во фаза на заљубување.


Сепак, како сè започнало?

Како што пренесуваат американските медиуми, поранешниот телохранител на Џоли, Марк Бехар, неодамна раскажал дека хемијата меѓу актерите на сетот на филмот „Mr. & Mrs. Smith“ била неверојатна, па открил интересни детали.

Како што изјавил тој, повеќе пати ги затекнал актерите во приколка како се галат и флертуваат меѓусебно, а од самиот почеток било јасно што се случува меѓу нив.


„Us Weekly“ пренесува дека други очевидци се согласуваат со Бехар и дека Џоли имала „разработена“ тактика за заведување на Бред. Наводно во текот на една љубовна сцена од филмот, Џоли носела долна облека во боја на кожа која што одеднаш ја соблекла.

„На крајот го фрли оделото и скокна со него во кревет“, изјавил за овој магазин извор кој што присуствувал на снимањето на филмот во 2005 година, па продолжил:

„Тоа е нешто по кое ќе го паметам филмот“.


На Бред очигледно „не му било гајле“ за тогашната своја сопруга и уживал во сето тоа што му се случувало.

Инаку, американските медиуми пишуваа дека своевремено актерот се согласил да глуми во „Mr. & Mrs. Smith“ откако дознал дека партнерка ќе му биде Анџелина Џоли. Веднаш по снимањето на филмот, Бред се разведе од Џенифер Анистон и беше во брак со Џоли до 2016 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk