Ова е популарниот „волк“ од Вол Стрит од истоимениот филм, а по затворот и милионскиот долг повторно ужива во друштво на убавици на плажа

Супермен

06/04/2021

22:28

10.462

Големина на фонт

а а а

Џордан Белфорт бил забележан во друштво на убавици на плажа во Мајами каде што уживал додека се сончал.

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, една од своите најдобри улоги ја оствари во хит филмот „The Wolf оf Wall Street“ во кој што ја толкувал улогата на Џордан Белфорт. Белфорт на само 26 години станал милионер заработувајќи илјадници долари во само една минута, а 10 години подоцна завршил во затвор поради измама со акции.


Приказната за неговиот лик и дело на филмското платно ја пренесе режисерот Мартин Скорсезе, а славниот измамник го толкуваше Леонардо, па поради тоа дополнително го популаризираше.

А, каде е денес и што прави „волкот“ од Вол Стрит?

Џордан денес има 58 години и работи како мотивациски оратор, напишал дури три книги за својот живот, од кои една адаптирана во филмот.

Една од главните теми на неговите популарни предавања за кои се бара карта повеќе е разликата меѓу амбициите и страста на Вол Стрит.


Кога не предава и не ги исплаќа милионските долгови на своите поранешни клиенти кои ги лажел, Џордан ужива во животот, барем доколку судиме по фотографиите од Мајами.

Тој таму бил „уловен“ во друштво на убавици во минијатурни костими за капење кои што го опкружиле и кои со него правеле селфи фотографии, а кои што очигледно се негови обожавателки.


Џордан на плажата бил со својата партнерка Кристин со која што е во врска по двата пропаднати брака.

Тој денес признава дека направил низа грешки во минатото и дека жали поради сите измами кои што ги направил, воглавно под дејство на тешки дроги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk