Болеста го „совлада“: Почина актерот од популарната серија Чернобил

Точка

06/04/2021

15:16

3.030

Големина на фонт

а а а

Неговата реплика од популарната сериjа која што за кратко време го освои светот е една од најцитираните изминативе години.

Актерот Пол Ритер кој што во серијата „Чернобил“ го толкуваше ликот на Анатолиј Дјатлов - почина, пренесуваат светските медиуми.

Тој починал во својот дом на 54-годишна возраст од тумор на мозокот, опкружен со своето семејство - сопругата и синовите.

„Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Френк и Ноа. Имаше 54 години и боледуваше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше многу интелигентен, љубезен и забавен. Ќе ни недостасува многу“, наведено е во соопштението на неговиот агент.

Инаку, како што добро знаеме, Ритер својата популарност ја стекна со улогата во „Чернобил“ и неговата реплика:

„Не е лошо, не е ниту ужасно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг