26-годишната руска инфлуенсерка Анџелика Андреева изгледа како сон на сите мажи, но се зборува дека таа потполно го изменила изгледот на своето лице.
Убавата манекенка изгледа како божица - се занимава со моделинг, а најчесто позира во бикини и за брендови на долна облека.
Но, нејзиниот изглед многу се променил во текот на годините, а доказ за тоа и е една фотографија на која е наводно оваа инфлуенсерка пред естетските операции.
„Ова си ти?“, „Што се си направила за да бидеш најубава“, се дел од коментарите, но има и такви кои пишуваат дека на никој не му е гајле како таа изгледала порано бидејќи сега е вистинска секс-бомба.
Анџелика има 955.000 следбеници на Инстаграм, а се чини дека за многу брзо таа цифра ќе ја заокружи на 1 милион, со оглед на провокативните фотографии кои постојано ги објавува.