Холивудскиот актер Бенедикт Камбербач верува дека тој е нултиот пациент со Ковид-19

Супермен

07/04/2021

14:37

2.671

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Бенедикт Камбербач верува дека би можел да биде нултиот пациент на почетокот на избивањето на пандемијата на коронавирус.

Актерот номиниран за Оскар ја проучувал мистериозната болест од која заболел минатата година. Откако детално ги анализирал симптомите кои ги имал, тој сега верува дека бил еден од првите заразени со Ковид-19.

„Бев многу болен“, открил Камбербач за „The Independent“.

Откако ги прочитал првите извештаи за пандемијата, 44-годишниот актер изразил загриженост дека би можел да придонесе за ширењето на вирусот.

„Размислував: Боже, дали навистина бев нултиот пациент?“, изјавил тој.


Актерот кој е роден во Лондон, кон крајот на 2019 година отпатувал во Кејптаун, Јужна Африка за снимањето на филмот „The Mauritanian“, кога заболел од коронавирус.

„Бев многу болен, скоро добив воспаление на белите дробови“, опишал тој, велејќи дека и покрај тоа што бил болен, го довршил филмот „повраќајќи помеѓу снимањата“.

Камбербач вели дека снимањето на драмата со режисерот Кевин Мекдоналд му ги отворило очите во врска со заливот Гватанамо. По снимањето на филмот според „Дневникот на Гвантанамо“, настанат по мемоарите напишани од поранешниот затвореник Мохамед Улд Слахи, актерот вели дека им се придружува на напорите за затворање на Гвантанамо, а во врска со тоа планира да го контактира и претседателот Џо Бајден.

„Тоа е најскапиот затвор на светот, ќе го замолам да го затвори. Гвантанамо не треба да постои на овој свет“, заклучил Бенедикт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk