Ѝ го презеде тронот на Кајли Џенер: Најмладиот милијардер на светот има само 18 години, не управува со фирмата и не се јавува на телефон...

Супермен

08/04/2021

12:04

4.303

Големина на фонт

а а а

Најмладиот милијардер на светот има само 18 години и е наследник на трговскиот ланец „dm“.

Најмладиот милијардер на светот е Кевин Дејвид Леман, 18-годишниот тинејџер од Германија. Богатството го наследил од својот татко кој што бил косопственик на познатиот ланец дрогерии „dm“.

„Forbes“ неговото богатство го проценува на 3,3 милијарди долари, а ажурираните податоци за богатството на милијардерите ширум светот беа објавени во вторникот.


„dm“ е водечки ланец на дрогерии во Германија, а основан е во 1974 година. Според податоците кои се достапни на нивната веб страница, само во Германија вработуваат над 41.000 луѓе во над 2.000 продавници ширум државата.

„Forbes“ тврди дека Кевин, како ниту неговиот татко не се активно вклучени во управувањето со оваа голема компанија.

„Bussiness Insider“ се обидел да го контактира Леман за да даде коментар, но коментарот изостанал поради тоа што младиот милијардер не се јавувал на телефон.

На второ место по богатство меѓу најмладите милијардери е 24-годишниот Ванг Зелонг од Кина кој што има богатство вредно 1,5 милијарди долари. На трето и четврто место се Норвежанките, сестрите Александра и Катарина Андерсен кои што имаат богатство од по 1,4 милијарди долари.


И двете имаат удел во семејната инвестициска компанија „Ferd“ која е вредна неколку милијарди долари.

„Forbes“ на својата листа на милијардери ги смести само оние личности чие богатство надминува една милијарда долари. Според нивните податоци има над 2.775 милијардери во светот, односно повеќе од кога и да е претходно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk