Дали е ова најмодерниот дедо на светот? Пензионерот кој се облекува како момче го следат милион луѓе на Инстаграм

Супермен

08/04/2021

13:20

3.009

Големина на фонт

а а а

Алојз Абрам, модно освестен дедо, е голем хит на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој е роден и израснат во Словенија, а на Инстаграм е познат под прекарот „Gramps“. Зад неговиот профил всушност стојат тој и внукот кој модно го советува и фотографира.

Абрам обожува улична мода, а исто така ужива и во рекреирање на модните комбинации на познатите личности.

Сè започнало пред 5 години

„На Божиќ 2016 година го прашав мојот дедо дали сака да ја проба мојата облека. Изненадувачки тој прифати, а кога го направи тоа, изгледаше толку кул што веднаш посакав да го фотографирам. Две недели подоцна, ја објавив првата фотографија од „Gramps“ на Инстаграм и сите беа воодушевени. Откако ја направивме првата фотографија, продолживме понатаму и оттаму започна сè“, раскажал неговиот внук, 23-годишниот Јаник Дајфенбах за „LADBible“.

Дедото и внукот на Инстаграм ги следат милион луѓе, а како што вели Јаник, заедничкото хоби уште повеќе ги зближило.

„Отсекогаш сме биле многу блиски, секој вторник игравме пинг-понг и фудбал и заедно одевме на шопинг. Се навикнав да го посетувам него и мојата баба. Откако започнавме да се фотографираме, мојот дедо и јас сме уште повеќе зближени“.

Внукот раскажал и дека Алојз посетува теретана 3 пати во неделата за да остане во форма.

„Тој е најмирната личност која ја познавам, никогаш не се нервира. Освен тоа посетува теретана 3 пати неделно за да остане во форма. Се надевам дека ќе бидам како него кога ќе остарам“, вели Јаник.

Инспирацијата ја пронаоѓа во семејството

Модните комбинации за „Gramps“ ги бира неговиот внук, а интересно е дека дедото ја носи таквата облека и во секојдневниот живот.

„Се согласив да ја пробав неговата облека бидејќи мислев дека ме прашува од забава. Меѓутоа, ми се допадна и потполно го променив својот стил на облекување. Уживам да поминувам време со внукот, да патувам и да добивам нова облека и обувки. За мене тоа е хоби, а сега се навикнав и да позирам за фотографии. Инспирација ми е семејството, а особено мојата сопруга која го обожува мојот стил и нашето хоби. Денес не ме пушта да излезам од дома без капа и добри патики и е среќна што уживам во ова“, вели Абрам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk