Не прашувај ако не сакаш да го слушнеш одговорот: Илон Маск вака одговорил на прашањето дали е вонземјанин

Точка

08/04/2021

13:53

4.434

Големина на фонт

а а а

Милијардерот и основач на Тесла и "SpaceX", Илон Маск е познат по своите бизарни коментари на социјалните мрежи, но бил скептичен кога станува збор за сведоштвата на луѓето кои тврдат дека ги виделе "малите зелени".

Маск на почетокот на неделата преку Твитер порачал дека Земјата не е рамна и дека во нејзиниот центар живее "Donkey King", односно Кралот Магаре.

Неговиот пост веднаш ги инспирирал неговите фанови да го прашаат дали е можеби тој вонземјанин, на што тој одговорил - "очигледно".

Засега не е јасно дали тајкунот погрешно го напишал името "Донки Конг", лик од популарната видео игра, или навистина мислел на "Донки Кинг", што е наслов на еден многу популарен пакистански филм.

Твитот на Маск предизвикал низа комични реакции. Некој дури и го прашал дали тој и основачот на Фејсбук Марк Закерберг се од иста планета, алудирајќи на постарата шега на интернет дека Закерберг е вонземјанин или киборг.

Целта на Маск и неговата компанија "SpaceX" имаат за цел да дојдат до Марс. Компанијата развива летало кое ќе може да префрли луѓе на Црвената плата. Последните четири тестови се завршени прилично неуспешно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг