„Xupermask“: Раперот Вил Ај Ем и „Honeywell“ креираа футуристичка заштитна маска за лице

Супермен

08/04/2021

14:56

2.461

Големина на фонт

а а а

Ако веќе морате да носите маска, тогаш изгледајте кул - ова била замислата на раперот и продуцент Вил Ај Ем кој во соработка со компанијата „Honeywell“ ја создал маската „Xupermask“.

Маската има ЛЕД светла и „Bluetooth“ слушалки со активен пригушувач на врева, кои со помош на магнети се закачуваат на маскaта кога не се во употреба. Маската има ХЕПА филтри од двете страни кои можат да се менуваат, а препорачаниот период за користење е до 30 дена.

Иако Вил Ај Ем јавноста го знае како еден од членовите на групата „Black Eyed Peas“, заштитната маска повеќе личи на нешто кое можеби би го носеле пионерите на електронската музика - „Daft Punk“. Тоа е благодарение на главниот креативен директор на „Xupermask“, Хозе Фернандез, кој дизајнирал за некои од најпознатите суперхерои на Холивуд, како Бетмен и Спајдермен, скафандери за екипажот на ракетата „Falcon 9“ и костими за легендарното дуо „Daft Punk“.

Силиконската маска со еластични ремчиња и две опции за големина значи дека „Xupermask“ веројатно одговара на разни облици на глави. Маската ќе мора да ја полните, но батеријата трае до 7 часа. Покрај тоа, ќе можете да ја полните и додека ја носите.

„Xupermask“ е достапна за купување од денеска, 8-ми април, на нивната официјална страна по цена од 299 американски долари за САД, Канада, Велика Британија и Европа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk