Toyota GR Yaris со одлични резултати на Нирнбургринг

Точка

08/04/2021

20:35

1.312

Големина на фонт

а а а

Малиот „хот хеч“ на јапонскиот производител успеа да направи „спринт“ на познатата тркачка патека во Германија за респектабилни 8 минути и 14,93 секунди.

Моделот на Toyota привлекува навистина големо внимание ширум светот, а GR верзијата може да се пофали со фантастични перформанси за еден така мал автомобил. Под хаубата, новиот GR Yaris има 1,6-литарски агрегат со турбо полнење кој испорачува 261 коњски сили и 360 Nm максимален вртежен момент.

Тестот на патеката Нирнбургринг го спроведе германскиот магазин Auto Motor und Sport, а зад воланот се најде нивниот познат возач Кристијан Гебхарт. Гумите на возилото се Michelin Pilot Sport 4S, а вкупната маса на возилото изнесува 1,295 килограми.

GR Yaris одлично се снајде на Нирнбургринг и ја заврши работата за 8:14,93, а на видеото подолу можете да погледнете како изгледаше сето тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг