Речиси половина од испитаните Американци го посакуваат овој холивудски актер за претседател

Супермен

09/04/2021

11:42

2.469

Големина на фонт

а а а

Дури 46 отсто од испитаните Американци сакаат да видат претседателска кандидатура на холивудскиот актер Двејн Џонсон, попознат како „The Rock“.

Во изминатите неколку месеци, неколку славни личности покажаа интерес за придружување на политичката сцена на САД, а помеѓу нив се актерите Двејн Џонсон и Метју Меконахи. Двејн ѝ „фрлил око“ на функцијата претседател на САД, а Меконахи сака да се кандидира за гувернер на Тексас.

Неодамна, „PiplSay“ спроведе анкета на над 30.000 Американци, а резултатите покажуваат дека 58 отсто од нив поддржуваат некоја од опциите за политичка активност на овие двајца актери. 29 отсто го поддржале Џонсон како претседател и Меконахи како гувернер на сојузната држава, 17 отсто го поддржале само Џонсон, а 12 отсто само Меконахи.


Со тоа, вкупниот процент за поддршка на Џонсон изнесува 46 отсто. Дури 39 отсто од испитаниците во анкетата веруваат дека холивудските актери би биле добри политичари ако се природно надарени за тоа, а 81 отсто сметаат дека ѕвездите имаат влијание на јавното мислење.

Освен Џонсон, испитаниците како свој претседател или претседателка би сакале да ги видат и Том Хенкс, Анџелина Џоли, Вил Смит, Опра Винфри и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk