Зборовите на Кијану Ривс имаат посебна „тежина“: „Болката го менува обликот, но никогаш не престанува“

Точка

09/04/2021

15:07

2.127

Големина на фонт

а а а

Татко му го напуштил на 13 години, на постарата сестра ѝ била поставена дијагноза за леукемија, ќерката му била родена мртва...

Кијану Ривс најдобро знае колку животот може да биде тежок, но сепак некако успеал на својата публика да ѝ подари хуманост и топлина. Баш поради тоа луѓето го сакаат, а неговите зборови имаат посебна тежина.

Ова се некои од неговите најдобри цитати:

1. Доколку успееш да ја насмееш сопругата, ќе ја видиш најубавата работа на планетата Земја. Бакнувањето е интимно, дури многу интимно и твоето срце секогаш „скока“ пред да го направиш тоа.


2. Понекогаш непријателите се нашите најдобри пријатели, луѓето можат да учат од своите грешки, а уништувањето понекогаш значи повторно раѓање.

3. Верувам во љубов на прв поглед. Ја сакаш таа врска, а потоа посакуваш и некои проблеми.

4. Утре не ти е гарантирано, живеј денес.

5. Понекогаш наједноставната работа е најтешко да ја постигнеш.

6. Болката го менува обликот, но никогаш не престанува.

7. Вљубувањето и врската се два различни поими.


8. Воспитан сум кон луѓето да се однесувам баш како што би сакал и тие да се однесуваат кон мене. Тоа се нарекува почит.

9. Никој од нас оттука нема да излезе жив, па ве молам да престанете да се однесувате кон себе како да не сте важни. Јадете вкусна храна, шетајте кога е сончево, скокајте во морето.

10. Добар состанок е кога сте опиени еден од друг и сè на светот станува добро. Одвреме-навреме обидете се да бидете во право, тоа ќе биде добро за вашето его.

11. Кога живееш без љубов не ја искусуваш и не можеш да ја дадеш, а тоа е прилично моќна казна.

12. Забавно е кога си безнадежно заљубен. Опасно е но, забавно. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг